Home Регион Еден век Звегорски суровари

Еден век Звегорски суровари

Со ускликот СУРОВА…СУРОВА…СУРОВА, суроварите карневалџии од делчевското село Звегор, безмалку еден век ја негув аат традицијата, денеска на Василица или стара нова година, да го бркаат злото од селото. 50-мината суровари се со најразлични маски..
„Од маските се мечка, нечкар, зет, невеста, суровари собирачи, и други карневалски страшни маски со цел да се избркаат лошите духови од нашето село“,објасни Стојан Трајановски – суровар
Најрадосен помегу карневалџиите е овогодишниот кум…
„Многу сум среќен и задоволен што сто години вака е по нашите селсмки сокаци. Со игра , песна, општа селска веселба ја негуваме нашата традиција на суроварски карневал во Звегор“, изјави Ѓорги Манов – кум на карневалот
За да се негува она што сто години постои како автентична традиционална препознатливост на ова село е да се знаат корените на манифестацијата
„Корените на суроварскиот карневал во Звегор датираат од пред сто години од планинското село Мановци. Тогаш нашите претци, бидејќи ова и тоа село било претежно турско, морале да се движат само ноќе,а не и преку ден. Тогаш се оформени овие карневалски обичаи со невеста и зет, како главн и бркаќи на злото од нашето село“, објасни Живко Цонев – учесник
Денеска Звегор ечи од зурли, тапани, василичарски песни. Сетоа тоа дополнето со скромна трпеза, безброј желби оваа година да е успешна и среќна. Помегу овие пораки не изостанува и апелот до младите, стогодишната традиција да ја продолжат…
„На младите им порачувам .Негувајте ја оваа оригинална стогодишна традиција на вашите родители и претци. Само така, Звегор ќе биде побогат духовно и препознатлив не само ту7ка во малешевијата, но и во цела Македонија и пошироко“,апелира Иван Гоцевски – учесник
Звегорскиот карневал завршува вечерва со сеопшта веселба сред село, со порака и в година овие слики да се повторат по звегорските сокаци, како своевиден етнолошки бренд на ова делчевско село…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

ВИДЕО: Климатска криза во Шпанија !

Владата на Шпанија официјално прогласи „климатска криза“ и предложи мерки за борба против климатските промени. Мерките, меѓу другото, подразбираат големи задолжителни...

Ирански пратеник дава три милиони долари, за убиство на Трамп !

Ирански пратеник понуди награда од три милиони долари за „оној кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“, јави иранската агенција „Исна“.

Наместо да добијат помирен живот, по откажувањето од кралските титули, Хари и Меган станаа поголема мета на папараците !

Плановите на принцот Хари за „мирен живот“ не одат баш како подмачкано додека им се приклучува на својата сопруга и...

Путин ја потврди новата руска Влада !

Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри новата влада во земјата во која остануваат повеќе министри од претходниот мандат, но со...

Новиот смртоносен вирус, од Кина веќе се прeфрли во САД !

Вирусот, што предизвикува мистериозно респираторно заболување, а кое неодамна беше откриено во Кина, се прошири и надвор од азискиот континент.„Њујорк Тајмс“ пренесува...