Една година локална власт на СДСМ во Штип

0
123

Штипскиот огранок на СДСМ денес излезе со резиме за состојбите во општина Штип, една година по преземањето на локалната власт:

„После само една година власт во Општина Штип се инвестираат над 2,6 милиони евра во инфраструктурни проекти коишто го обезбедуваат долгорочниот раст и развој на градот. Општина Штип и јавните претпријатија инвестираат во квалитетна инфраструктура која на долг рок ќе влијае на подобрување на секојдневието на сите наши сограѓани. За само една година се изградени нови улици со вкупна должина од 2240 метри и локален пат со должина од 1000 метри. Реконструирани се 1070 метри од веќепостоечките улици и изградена е пешачка инфраструктура со површина од 4000 метри квадратни. Тампонирани се улици и пристапни патеки со должина од 1400 метри“, изјави Никола Тушев, прет. на СДСМ – Штип

Освен во инфраструктура, резултати имало и во други области:

„Извршена е изведба на нови и реконструкција на постоечка водоводни линии со должина од 2929 метри и канализациони линии со должина од 1624 метри. Започна изградбата на нова детска градинка – еден од најзначајните капитални објекти кои му се потребни на градов. Изградена е платформа со паркинг места, со што се овозможува решение за проблемот со паркирање со кој се соочуваат многу наши сограѓани.Се проектираат гасифицирањето на градот, градскиот стадион и браната на реката Отиња, кажа Тушев.

Од  СДСМ потенцираат дека вака ќе продолжат и во натамошниот период, со многу проекти за развој на Штип.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here