Екипи од здравство и социјала ќе одат по домовите

0
282

Кочани е првата општина во државата од каде започнува проектот Мобилен сервис за грижа во домашни услови. Се работи за европски модел на здравствени услуги, каде екипи од областа на здравството и социјалата, пружаат услуги во домашни услови :

„Како медицински сервис ќе значи сервис во областа на хроничните болести, за сите пациенти коишто имаат кардиваскуларни болесит, коишто имаат дијабет, понатаму за мајките и малите деца, за постарите луѓе коишто се потешко подвижни“, објасни Венко Филипче, министер за здравство.

Но, жителите на Кочани ќе добијат можност и за услуги од делот на социјалната заштита :

„Во пракса тоа би значело дека ако едно семејство има лице со здравствен ризик, не значи дека тие ги знаат своите социјални права. Со учеството на социјалниот работник во овој тим, тој ќе ги идентификува можните социјални ризици и ќе им понуди услуга„, објасни Мила Царовска, мин. за труд и социјална политика.

Со ова, општината и пред се граѓаните добиваат повеќе придобивки, меѓу кои и нови 7 вработувања :

„Четири медицински сестри, двајца социјални работници и еден координатор на проектот, нешто коешто секако е за поздравување“, истакна Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Проектот се реализира со поддршка од УНДП :

„Ние како Програма за развој на ОН навистина даваме голема поддршка на идејата дека треба да се спроведува еден континуитет на нега и идејата е што помалку граѓаните да престојуваат во болниците“, кажа Луиза Винтон, Постојаната координаторка на ООН.

Услугите на мобилниот сервис најпрво ќе ги добиваат жителите на Кочани, а потоа и од Оризари, Зрновци и Чешиново – Облешево.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here