Емил Павлов и Јована Георгиева елиминирани на СП во Мадрид

0
59

Деновиве очите на македонската спортска јавност беа свртени кон Мадрид, каде нашите карате репрезентативци тргнаа по медали, но и по пласман погоре на ВКФ листата.

Европскиот шампион Емил Павлов несреќно загуби од Белгиецот Мишел Дасул во првото коло со 0:1 и со тоа беше елиминиран. Дасул веќе во второто коло беше елиминиран, така што и тој не доби шанса за повисок пласман.

Јована Георгиева, пак, беше посилна од Карла Буркит од Англија во првото коло со 2:0, но во второто загуби од претставничката на Индонезија, Истри Агунг, со 0:1.

Освен штипјани, несреќно завршија и борбите на останатите наши репрезентативци. Сара Радичевска беше поразена од Шенон Ниши од САД со 0:1, а Давид Петков загуби од Икбољон Казаков од Узбекистан со 1:2.

До второто коло успеа да стигне Наташа Стефановска, која во првото славеше над Рене Марија Вонг Алварез од Гватемала со 5:0, но во второто загуби од Џиана Лотфи од Египет со 0:4.

Единствениот наш каратист кој стигна до третото коло беше Азиз Исмаил, кој во првото славеше над Естонецот Павел Аратамонов со 3:1, во второто беше посилен од Американецот Томас Скот со 2:0, но во третото загуби од Русинот Беслан Мизов со 1:4.

Сепак, место за разочарување нема. Оваа генерација карате репрезентативци стигнаа многу далеку. Почнувајќи од единствениот медал од светските првенства за Македонија, бронзата на Жарко Арсовски во 2010, па се до големите успеси на Јована Георгиева, Емил Павлов и Берат Јакупи, Македонија има што да покаже пред светот.

Шанси за Олимпијада сеуште има, иако медалите од Светското не се реализираа.

Едноставно, понекогаш соновите и реалноста не се движат во исти правец, но она што нам, како спортска публика ни преостанува, е и понатаму да останеме зад нашите карате имиња, пред кои не еднаш се има поклонето Европа и светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here