Емил Павлов утре стартува на Премиер лигата во Токио

0
155

Европскиот карате шампион, Емил Павлов, утре го стартува својот настап на Карате 1 Премиер лигата во јапонската престолнина Токио.

Во конкуренција на 664 каратисти од 70 земји од светот, Павлов ќе мора да го докаже она што го умее за да дојде до олимписки пласман.

Карате 1 Премиер Лигата во Токио е натпреварување на кое учестуваат ТОП 100-те каратисти во светот во своите категории, а македонската репрезентација такви ги има вкупно седуммина. Покрај Емил, во Токио жолто-црвената боја ќе ја бранат и Берат Јакупи, Мартин Несторовски, Петар Спасеновски, Симона Заборска, Петар Заборски и Наташа Стефановска.

Нашиот Емил, кој е двократен европски шампион, доколку дојде до медал, може да заработи коефициент 6, што би значело одлично бодовно салдо за Олимпијада.

Сепак, ќе мораме да го почекаме 14-ти октомври, кога ќе се знаат резултатите на нашите репрезентативци, а веќе за неполн месец, на 6-ти ноември започнува Мундијалот во Шпанија.

На 11-ти ноември ќе биде позната листата на македонските карате патници на Летните олимписки игри 2020.

Сонот на штипјани е нашиот Емил да го видиме таму.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here