Home Популарно ЕУ денес одлучува кој ќе влезе во унијата по 1 јули, за...

ЕУ денес одлучува кој ќе влезе во унијата по 1 јули, за кој ќе се отворат границите !

Земјите-членки сега имаат до денес на пладне да одговорат на тоа дали се согласуваат со договорениот текст на препораките што ги договарале амбасадорите на земјите-членки во текот на изминатите неколку дена. Амбасадорите ги утврдија критериумите врз основа на кои се составува список на трети земји од кои може да се влезе во ЕУ.

Главниот критериум е дека бројот на ново заразени на сто илјади жители во последните 14 дена да биде „близу или под просекот на ЕУ“ на 15 јуни. На тој датум, просечниот број на нови инфекции на 100 000 жители бил 16. Во претходниот предлог се вели дека бројот на нови инфекции треба да биде под 16, а сега е договорено пофлексибилно формулирање „да се задржи бројот близу или под“ просекот на ЕУ.

Исто така, се бара стабилен или опаѓачки тренд на нови заболени. Ќе се земат предвид и веродостојноста и достапноста на податоците од трети земји, како и мерките што овие земји ги вовеле за граѓаните на земјите од Европската унија.

Овој критериум моментно го исполнува 14 земји : Алжир, Австралија, Црна Гора, Канада, Грузија, Јапонија, Јужна Кореја, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Тајланд, Тунис и Уругвај. Кина исто така ги исполнува критериумите, но нејзини граѓани ќе може да влезат во ЕУ од таа земја доколку Пекинг ја укине забраната за влез на граѓаните на ЕУ.

Списокот не е правно обврзувачки затоа што одговорноста за граничното управување припаѓа исклучиво на земјите-членки, но важно е заради потребата земјите-членки да постапуваат на координиран начин. Списокот и критериумите за влез се однесуваат на патувања што не се неопходни.

Граѓаните на земјите-членки на ЕУ, како и државјаните на трети земји кои се легално жители на ЕУ и членовите на нивните семејства сè уште можат да влезат во ЕУ од трети земји. Ограничувањата не се однесуваат на одредени категории на лица, како што се здравствени работници, работници во погранични области, лица кои работат на транспорт на стоки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Србите нема каде да одат на одмор…Грција од утре ги затвора границите за нив !

Грција од утре во 6 часот наутро ги затвора границите за државјаните на Србија, потврди за Н1, српскиот министер Расим Љаиќ. Одлуката...

Белград и Приштина сепак разговарале за размена на територии !

Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон тврди дека уште во 2018 година една од работите за кои зборувале Белград и...

Уролог од Тетово починал од компликации од Ковид – 19 во скопска болница !

Од компликации од коронавирус во Градската општа болница „8 Септември“ почина 64-годишниот доктор Арификмет Деари, уролог од Тетово. Министерот за...

ВИДЕО: Колумбо е виновен што ја откри Америка…урната уште една статуа на морепловецот во Балтимор !

Демонстрантите во Балтимор ја соборија статуата на Кристофер Колумбос во текот на ноќта и ја фрлија во Атлантскиот океан. Снимките објавени...

Германија: По жестоките критики, канцеларката Меркел почна да носи заштитна маска !

Германската канцеларка Ангела Меркел започна да носи заштитна маска во јавноста, откако таа беше мета на критики поради тоа што не...