Home Популарно ЕУ наскоро ќе ја објави новата методологија за проширување !

ЕУ наскоро ќе ја објави новата методологија за проширување !

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК за неколку недели ќе излезе со новата методологија за проширување.

Во текот на претставувањето на хрватскиот претседателство со Унијата во Европскиот парламент во Стразбур, Фон дер Лајен, ја повика ЕУ да го оддржи моментумот кога станува збор за Западен Балкан.

-Доколку сакаме успешен самит ЕУ- Западен Балкан во Загреб тогаш мораме сега да ја направиме нашата домашна задача. Затоа за неколку недели ќе ја претставиме нашата нова методологија за проширување за да разговараме за неопходната модернизација, а првенствено на нашите пријатели од Западен Балкан – Северна Македонија и Албанија, да им дадеме перспектива за почеток на пристапните преговори – порача Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК оцени дека токму Хрватска, која го презела шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, знае многу подобро од дргуите што значи силата на европската перспектива, колку далеку таа сила може да ја однесе државата во поглед на трансформацијата на системот и економијата, но и што е тоа што е добро што ЕУ може да го направи со својот ангажман и инвестирањето во регионот на Западен Балкан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

ВИДЕО: Климатска криза во Шпанија !

Владата на Шпанија официјално прогласи „климатска криза“ и предложи мерки за борба против климатските промени. Мерките, меѓу другото, подразбираат големи задолжителни...

Ирански пратеник дава три милиони долари, за убиство на Трамп !

Ирански пратеник понуди награда од три милиони долари за „оној кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“, јави иранската агенција „Исна“.

Наместо да добијат помирен живот, по откажувањето од кралските титули, Хари и Меган станаа поголема мета на папараците !

Плановите на принцот Хари за „мирен живот“ не одат баш како подмачкано додека им се приклучува на својата сопруга и...

Путин ја потврди новата руска Влада !

Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри новата влада во земјата во која остануваат повеќе министри од претходниот мандат, но со...

Новиот смртоносен вирус, од Кина веќе се прeфрли во САД !

Вирусот, што предизвикува мистериозно респираторно заболување, а кое неодамна беше откриено во Кина, се прошири и надвор од азискиот континент.„Њујорк Тајмс“ пренесува...