ЕУ утре ќе и даде ултиматум на Србија да го признае Косово ?!

104

Во Брисел во четврток Србија ќе добие ултиматум за признавање на Косово, пишуваат тамошните медиуми.поред информации од „Новости“, на делегацијата од Белград која патува на разговорите со Мирослав Лаjчак и претставниците на приштинските институции во седиштето на ЕУ ќе им биде врачен нацрт сеопфатен договор кој подразбира де факто признавање на Косово од страна на Србија.

„Новости“ пишува дека дипломатските кругови тврдат дека Брисел преку специјалниот претставник Лајчак планира на шефот на српскиот тим Марко Ѓуриќ да му предаде доверлив нацрт договор, со барање да го проследи до претседателот на Србија Александар Вучиќ.

„Овој нацрт е составен од ЕУ без преговори со било која од страните, злоупотребувајќи го нивното присуство во техничкиот дијалог. Во текстот се бара Србија да го прифати членството на Косово во Обединетите нации и во други меѓународни организации“, пренел анонимен извор за „Новости“.