Животот на Евреите на Балканот низ слики и документи

0
49

Со пет животни приказни низ фотографии, факсимили и документи од исто толку градови од Балканот, денеска штипјани се запознаа со животот на таканаречените Сефардски евреи.

„Поточно од следните градови – Белград, Сараево, Битола, Дубровник и Сплит. Целта на изложбата е јавноста подобро се запознае со животот на Евреите пред Втората Светска војна, а особено ни е драго што денеска сме во Штип, бидејќи Штип е град што има богата историја на еврејска култура, традиција и религија која за жал во Втората Светска војна е уништена“, информира Даниела Штерјова – Центропа МКД.

Посебен интерес помеѓу посетителите побуди кај наставниците, но и учениците. Мотивот е проширување на досегашните сознанија за животот на Евреите во Штип и регионот.

„Оваа изложба за нас е од големо значење, бидејќи ни ги проширува досегашните сознанија за животот на Евреите не само во Штип, но и на Балканот. Сходно на тоа, ние како наставници тоа го пренесуваме и на нашите ученици“, изјави наставникот во ОУ Ванчо Прке – Љубинка Ѓурова.

По Битола, Прилеп, и Охрид, Штип е четвртиот град на листата македонски градови каде изложбата се поставува. Инаку, таа е дел од проектот на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија, Центропа,а поддржано од Министерството за култура.

https://www.youtube.com/watch?v=fHMVN2BZwSY&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here