Жители на Зрновци во болница. Ги нападнале непознати мажи со оружје

0
232

На 07.11.2018 година во 22,00 часот во ПС Виница, било пријавено дека во Итната медицинска помош бил донесен Г.Г.(35) од с.Зрновци, кочанско со повреди во пределот на главата и телото. Според кажувањето на Г.Г. додека се движел со возило во кое бил во друштво со Љ.Л.(34) од Зрновци, В.Х.(27) од с.Долни Подлог, кочанско и Т.З.(18) од с.Зрновци, откако на регионалниот пат Кочани – Зрновци застанале за да запалат цигари им пришле две непознати машки лица кои во рацете носеле оружје и физички ги нападнале при што им нанеле повреди. На повредените им е укажана помош во болницата во Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here