Заврши бизнисот со ученичкиот превоз во Кочани

0
319

Заврши бизнисот со ученичкиот превоз. Од оваа година, учениците од Кочани го користат постојниот линиски превоз. На овој начин, на учениците им се обезбедува транспорт до училиштата, а истиот не претставува екстремно опретерување на училишниот и општински буџет.

Ова резултираше со неколкумесечни преговори во ЗЕЛС и промена на постојниот закон за бесплатен училишен превоз:

  • Според Законот училиштата имаат обврска да организираат превоз но по пазарни цени, појанси Николчо Илијев, градоначалник на о. Кочани.

Кочани, беше една од најзадолжените општини за превоз на учениците и општината мораше да враќа околу 700.000 евра долгови кон превозниците. Цените беа неколкупати повисоки од реалните:

  • Ако се продолжеше на стариот начин, долгорочно училиштата не можеа да издржат и ќе настанеше сериозен проблем. Се плаќаа цени и до неколкупати повисоки од реалните, кажа Илијев.

Со новиот начин на организирање на превозот по пазарни цени, според првичните пресметки, за една учебна година ќе се заштедат над 10 милиони денари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here