Загрозениот сведок во случајот „Монструм“ препознал двајца од обвинетите, но и посочил на трет кој не е обвинет а седи во судската сала ?!

0
96

На судското рочиште за предметот на СЈО „Монструм“, загрозениот сведок вчера дал исказ во судницата. Сведокот со кодно име Е1 кажал дека 4 лица со возило „голф 3“ црна боја и затемнети стакла 4-5 дена пред 12 април секој ден доаѓале кај Смилковско Езеро на местото на настанот.

Автомобилот бил со регистерска табличка 822, но рече дека не знае кој град. Сведокот ги опиша лицата кои ги видел.Еден бил висок, црн, со лузна, постар, со седа коса, околу 50-годишна возраст, друг келав, со брада, 35-40 години и уште еден со брада.

„Не изгледаа како да одат на риболов“, кажал сведокот.

Тој во судницата препозна тројца од обвинетите, Агим Исмаиловиќ и Сами Љута. И уште еден кој не е обвинет, но моментално е во судницата, за кој рече дека не смее да го посочи од безбедносни причини.За Сами Љута вели дека 100 отсто е сигурен дека е човекот со долга коса.

На 12 април, денот кога се убиени децата, автомбилот (голф 3) бил паркиран на земјениот пат што води до езерото. „Голфот“ имал бандажи со краци, а сведокот имал можност да ги гледа на 3-4 метри од него.

Пред почетокот на судењето судијата, по барање на обвинителката Фатиме Фетаи, образложи дека е почната постапка за екстрадиција на двајца обвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се наоѓаат во Косово.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here