Заев: Ако за 10 дена нема мнозинство во Парламентот, следат предвремени избори !

0
181

Доколку процесот за спроведување на Договорот од Преспа не успее во Собранието, премиерот Зоран Заев е одлучен да се распишат предвремени парламентарни избори. Тој најави дека ќе почне преговори со опозицијата и останатите политички фактори во законодавниот дом. Според него, процесите не смеат да се прекинат и оти до крајот на ноември има доволно време за техничка влада и за избори.

Нема временски рокови до кога опозицијата треба да се произнесе дали ќе ги поддржи уставните измени или не.

Но, за разлика од Заев, неговите коалициони партнери сметаат дека сега не е време за предвремени парламентарни избори и оти треба да се искористат сите механизми за процесот да помине успешно преку законодавниот дом.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here