Заев и Мицковски се договорија пак да се договараат – Нема датум за избори !

242

На покана на претседателот Стево Пендаровски, синоќа во „Вила Водно“ се одржа средба со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На средбата се разговараше за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудија аргументи во прилог на нивните позиции.На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори.

Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.