Заедничка туристичка понуда на Пијанец-Малеш

336

Општините од Пијанечко-Малешевскиот регион, заеднички ќе развиваат рурален туризам и ќе се фокусираат кон брендирање и промоција на сосптвените поптенцијали:
„Тука имаме природни убавини, но особен белег ни се гастрономските специјалитети, сирењето, компирот, производите од шумските плодови и други специјалитети кои се се подостапни на туристите. Тука сакаме да ги обединиме и производители на локални сувенири во заеднички пакет, за да станеме поатрактивно место на туристичката карта“ „изјави Јасмина Пашалиска Андонова, Задруж. Амброзија
„Сирењето, компирот, јагнето сето тоа е бренд во регионот кој има голем потенцијал за развој во регионот“ изјави Славќо Јосифовски, Агенција за промоција и поддшка на туризам
„Ние многу вложуваме во туризмот во Општина Пехчево, затоа не случајно изградивме и туристички центар, со цел на едно место туристите да се запознаат со природното богатство на Пехчево. Она што е од суштинско значење е двете општини да настапиме заеднички како регион, се со цел развој на руралниот туризам, истакна градоначалникот на Општина Пехчево“ изјави Драган Тренчовски, градоначалник на о. Пехчево
„Општина Берово особено дава поттик за развој на агро-туризмот, бидејки сме една од општините на која особено и значи развој на мирко-регионот Малеш-Пијанец, така да се надеваме дека овој проект ќе донесе нови содржини во делот на развој на агро-бизнис“ истакна беровскиот градоначалник Ѕвонко Пекевски