Запленети речиси еден тон марихуана од Албанија !

Во одвоени акции на италијанската, грчката и албанската полиција запленети се 936 килограми марихуана, произведени во Албанија.

0
128

Најголемиот дел од дрогата е запленети, односно 800 килограми, се запленети кај италијанскиот град Равена, Вредноста на дрогата на нарко пазарот, според италијанската полиција, изнесува осум милиони евра.

Во акцијата се уапсени две лица – 40-годишен албански бизнисмен,чиј бизнис наводно бил откуп на отпад и 70-годишен италиајнски трговец со недвижности.Дрогата била откриена во макацин што го имал изнајмено албанскиот бизнисмен и каде таа се складирала откако ќе пристигнела во Италија.

Во друга акција, грчката полиција запленила 75 килограми марихуана на патниот правец Кожани-Солун. Догата била отркриена во возило со грчки регистарски таблички.

При акцијата се упасени возачот, 50-годишен грчки државјанин, како и 37-годишен Албанец, кој во Солун требало да ја преземе дрогата.Албанската полиција, пак, кај Саранда заплени 61 килограм марихуана и уапси две лица.

Инаку, во изминатиов период албанската, италијанската и грчката полиција спречија шверц на повеќе од 30 тони марихуана произведена во Албанија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here