Home Популарно Започна изградбата на првиот затворен пливачки базен во Штип

Започна изградбата на првиот затворен пливачки базен во Штип

Штипски спортисти и спортски работници денеска го поставија камен темелникот на првиот затворен пливачки базен во градот. Лоциран е во месноста Суитлак, во непосредна близина на населбата Блок 77 или попозната како Деснаци.

„Драго ми е што општина Штип ќе добие затворен пливачки базен по сите востановени светски стандарди, особено стандардите по ФИНА и ЛЕН, и секако отворање на можноста тука да се организираат големи натпревари од меѓународен карактер. Димензиите на идниот затвотрен пливачки базен се: 25 метри должина, девет метри ширина, рокот на изведба на базенот е 18 месеци. ОПд изведувачот има најави дека базенот може да биде готов и пред предвидениот краен рок. Така што, можно е граѓаните на Штип првиот покриен пливачки базен да го имаат  кон крајот на оваа или почетокот на идната година“, изјави Дарко Каевски – директор на Агенција за млади и спорт

Зошто овој ден е значаен за штипскиот спорт,посебно пливањето и за граѓаните.

„Значаен поради тоа што за прв пат во историјата на градот, се гради покриен базен во општина Штип, со што ги надминуваме сите оние неправди и неостварени ветување што во минатотот се случуваа, во опднос на изградба на еден затворен пливачки базен во градот“, посочи Благој Бочварски – градоначалник на о. Штип

Вредноста на овој капитален проект е 38 милиони денари. Изградбата на затворениот базен е дел од владиниот проект изградба на 14 затворени пливачки базени во исто толку градови во Македонија. Согласно планот, во втората фаза ваков тип на базени ќе се градат во Кочани и Струмица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

За пет месеци од обичен грип, во САД починале 16.000 лица а заразени се над 29 милиона !

Најмалку 105 деца починаа од грип во оваа сезона, покажуваат податоците објавени од страна на американскиот Центар за контрола и ...

ВИДЕО: Илјадници маршираа во Лондон за слобода на Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“ !

Илјадници луѓе во Лондон, маршираа за ослободување на Џулијан Асанж. Тие протестираа за да извршат притисок врз британската влада да одбие...

ФОТО/ВИДЕО: Први снимки од новиот костим на Бетмен, додека се снимаше во Глазгов !

Бетмен се спушти во Глазгов со целосен оклоп во црно додека во саботата снимаа сцени со брза бркање на мотор.

„Пријатели“ се враќаат на телевизија – Секој од актерите побогат за 3 милиони евра !

НBO Max ги обезбедил правата за серијата за 425. милиони доалри. Глумците ќе учествуават и во продукцијата на епизодите, а секој од...