Заради бојата на дресовите, фудбалерите на „Барса“ добија епитет „Хелоу Кити “ (Hello Kitty)

0
48

Барселона е прва екипа која математички обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите и последните две кола ќе бидат само формалност за шпанскиот првак.

Но, натпреварот против Интер одигран синоќа во Милано го одбележа еден друг момент. Станува збор за бојата на дресовите кои навивачите на клубот, но и цела Европа ги нарекоа Хелоу Кити (Hello Kitty).

На нив се исцртани контури од важни градби во каталонската метропола, дизајнот е инспириран од една од најпознатите улици во Барселона, Авингуда Диагонал, но по серијата критики се чини дека Меси и компанија повеќе нема да истрчаат со нив.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here