За две години Источниот регион ќе биде со значајно рехабилитирана патна инфраструктура

0
194

Тендерската постапка за делниците од Три Чешми до мостот на Брегалница и од раскрссницата кај Бучим до излезот на Радовиш, влегла во втора фаза, информираше директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов :

„Рокот за изведба на овие две делници е две години, така што ќе се поклопи завршувањето со изградбата на патот Штип – Радовиш којшто е на потешка траса и мислам дека во исто време ќе се пушти во употреба комплетно делот од Три Чешми до излезот на Радовиш“, изјави Зоран Китанов, дир. на ЈП за државни патишта.

Во меѓувреме, завршени се сите 30-тина рехабилитации на патишта во Источниот регион, но со исто темпо ќе се гради и во наредниот период :

„Завршена е тендерска постапка за 12-те патишта преку Светска Банка, којшто опфаќа повеќе патни правци во Македонија и очекувам за 10-тина дена да бидат воведени во работа. Исто така, завршен е тендерот за 7-те регионални патишта за рехабилитација, коишто се од поголем обем“, дополни Китанов.

Во моментов, интензивно се работи и на изградбата на новиот експресен пат од Штип кон Радовиш, кој според надлежните ќе биде завршен пред предвидениот рок. Исто така, интензивирани се градежните работи на патот Штип – Кочани, а се работи и на рехабилитација на најоштетениот дел од патот од Кочани кон Пониква.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here