Home Балкан За една недела, сезонскиот грип усмрти 15 лица во Грција !

За една недела, сезонскиот грип усмрти 15 лица во Грција !

За само една недела од сезонски грип во Грција починаа 15 лица, со што бројот на регистрирани смртни случаи во последните три месеци се искачи на 53 луѓе.

Во неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје се наведува дека починатите се на возраст од четири до 91 година, а 50 лица односно 94,3 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.

Во периодот од 3 до 9 февруари 2020, починале 15 лица, а исто толку смртни случаи имаше и една недела претходно.

Според извештајот од Националната организација за јавно здравје, за една недела 24 лица биле примени во болница, со што бројот на хоспитализирани на интензивна нега од почетокот на октомври 2019 година се искачи на 169 лица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Конечно се осветлува Новоселската клисура

Конечно се осветлува Новоселската клисура, односно еден од влезовите на Штип.  Општината на овој потег инвестира 1,7 милиони денари…

Тешка сообраќајна несреќа кај Штип. Близначиња и мајка на лекување во Скопје

Две близначиња на петгодишна возраст и нивната мајка, со тешки телесни повреди завршија на лекување во Скопските клиники, по тешка сообраќајна несреќа...

Карбинските ниви се жедни покрај вода. Спасот земјоделците го гледаат во Козјачка брана

Карбинските ниви со години наназад се жедни иако повеќето се во непосредна близина на Брегалница и Козјачка река. Сепак, низ овој дел...

Штип под посебен надзор. Над 150 лица ставени во изолација

Штип е под посебен надзор и состојбата овде будно се следи од Комисијата за заразни болести, откако бројот на заразени рапидно порасна,...

Големите отсуства можат да ги пробијат роковите за испорака. Текстилците влегуваат во ризик да ја загубат рабoтата.

Поради нагло зголемениот број  отсуства од работа,  и пробивање на роковите за испорака, повеќе текстилни комапнии се во ризик  да ја загубат...