Home Македонија За пет години, Македонските пратеници потрошиле три милиони евра за патни трошоци...

За пет години, Македонските пратеници потрошиле три милиони евра за патни трошоци !

За пет години пратениците потрошиле околу три милиони евра на своите патувања. Во 2016 година во однос на 2015 година трошоците се намалени за 10,31%, додека во 2019 година за 97,16%.

Според Антикорупцијата, во 2019 година расходите се пресметуваат само за пат, но не и за оние пратеници кои го искористиле правото за кирија. Во анализата на Антикорупциската комисија се вели дека намалувањето на трошоците е направено и затоа што во 2015 година, 90 пратеници доаѓале  со своите возила на работа, додека во 2019 година,  75 пратеници добиле патни трошоци, бидејќи 15 други го искористиле правото на живеење под кирија. Антикорупцијата откри дека 23 пратеници имаат свои станови или во име на нивните блиски членови на семејството во Скопје, но повторно ги искористиле патните трошоци. Комисијата за антикорупција ќе  даде конкретни препораки на Собранието за намалување на трошоците на пратениците, спречување на злоупотребата и поефикасно извршување на нивните должности.

Од Антикорупцијата сметаат дека треба да се утврдат прецизни критериуми за искористување на трошоците на пратениците и на другите лица избрани и именувани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Општината Чешиново-Облешево затворена. Градоначалникот Крстев одлуки ќе носи од карантин

Поради утврдениот Корона вирус кај градоначалникот, општината Чешиново-Облешево од денес е со затворени врати.  Во моментов сите административни активности се сведени на нула без никој...

Стапија на сила новите владини мерки

Од денес цела држава живее и функционира со новите владини мерки односно со  забраната за движење на населението од 16.00 до 5 часот наутро....

Насилство, пожар, обид за кражба и пронајдена дрога синоќа во Регионот

За една вечер, полицијата од Регионот имала интервенција на четири инциденти, за кои се или ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Децата со аутизам не можат да го издражат полицискиот час

Децата со аутизам не можат да го издражат полицискиот час и ограниченото време на движење. Овој проблем е поголем од многу други а...

Сеча на дрва во Шашаварлија

Гледачи на ТВ Стар аларимираат за неконтролирана сеча на дрва во Шашаварлија. Синоќа, исечени се дури и дрвата посадени околу православните гробишта....