За празниците, 100 пензионери од Штип добија вредносни ваучери од по 1000 денари.

432

За празниците, 100 пензионери од Штип добија вредносни ваучери од по 1000 денари. Со нив тие од штипските маркети ќе моѓат да купат намирници за деновите што престојат.
„Согласно програмските активности здружението на пензионери Штип одлучи оваа година да додели 100 ваучери во вредност од по 1000 денари и тоа можат да се набават артикли од маркетите на Кит Го и Тера Маркет во вредност од 1000 денари на оваа одлука наидовме на добри намери бидејќи досега правевме хуманитарни пакети ,бидејќи се луѓето во повозрасна доба да ги носат, затоа сега одлучивме да даваме вредносен ваучер“изјави Ристе Недков- претседател на здружение на пензионери Штип
Вредносните ваучери се распределени во сите населби во Штип соогласно критериумите изградени од здружението
„Ние ги одбравме оние кои се најслаби со пензиите ,мислам дека до 9000 денари ,доделија , ние список си направивме и заслужени се , ги добивме денес ,и ќе ги поделиме тие 5 ваучери од по 1000 денари “изјави Душанка Дошева- пензионер
„За пензионерите е многу голем бум ,бидејќи никогаш досега не е имало такви работи ,а сега многу убави работи се случуват . имаше за пензионери со болни,сега за пензионери со ниски примања“изјави Марија Џонова – пензионер
Доделувањето на празноичните ваучери во Штип се сличува за првпат а од здружението на пензионери потенцираат дека оваа пракса ќе продолжи и во иднина и ќе опфаќа се поголем број од оваа возрасна група.