За првпат практикантството ќе биде регулирано со Закон

0
91

За првпат практикантството ќе биде регулирано со Закон. Младите од 15 до 29 години ќе имата шанса да стекнуваат искуство и вештини, но преку платена работа. Ова го предвидува новиот предлог закон околу кој денес започна јавна расправа:

„Еден од најголемите проблеми за компаниите е обезбедување на соодветен кадар за нивните потреби. Практично, преку законското решение помагаме и олеснуваме младите луѓе да ги добијат потребните вештини за работа, како надополнување на нивното теоретско знаење, додека на компаниите им даваме шанса и можност да младите кадри да ги профилираат согласно потребите на реалната економија, со што се олеснува и вработувањето на младите лица“, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економија.

Платеното практично и професионално искуство ќе треба да придонесе за полесно вработување на младите:

„Периодот во кој лицата може да бидат ангажирани како практиканти е од 1 до 6 месеци. За ангажирањето до 3 месеци дефинирано е дека компаниите треба да надоместуваат 5.000 денари месечно, а сите што ќе останат на практикантска работа над 3 месеци ќе добиваат надоместок во висина на законски утврдената минимална плата“ дополни Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.
billig canada goose jakke
Практиканството е добар модел кој се спроведува во сите развиени општества:

„Анкетите направени на примерок од 800 ученици во основното и средното образование покажуваат дека тие сметаат дека спроведената пракса е предност во случај на можност за вработување“, истакна Татјана Марковска од УСАИД.

Носител на  Предлог законот за практиканство е Министерството за труд и социјална политика, а истиот е изработен со поддршка на УСАИД, како дел од проектот „Партнерство преку подобра бизнис регулатива“, кој се спроведува во соработка со стопанските комори.

https://www.youtube.com/watch?v=97MnTFFsRt0&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here