За 30 отсто зголемена потрошувачката на вода во Штип

0
86

Високите летни температури ги одвртеа славините во Штип. Очекувано, топлото време со себе донесе и поголема потрошувачка на вода. Во моментов, штипските домаќинства трошат околу 30% повеќе вода отколку вообичаено :

  • За време на викенд просечната потрошувачка е 190 – 205 литри во секунда, додека максималните дневни потрошувачки се 270 – 290 литри во секунда. Ова се количини кои јавното претпријатие „Исар“ ги обезбедува непречено, кажа Јасмина Петешева, ЈП „Исар“ – Штип.

И покрај зголемената потрошувачка, од јавното претпријатие „Исар“ потернцираат дека проблем со водоснабдувањето, Штип ова лето нема да има :

  • Општина Штип во летниот период и покрај зголемувањето на дневните температури, нема да се соочи со никаков недостиг на вода и водоснабдувањето ќе биде квалитетно, дополни Петешева.

Зголемена потрошувачка на вода е регистирана и во останатите општини од Регионот. Засега, од ниту едно јавно претпријатие не се најавени рестрикции, што значи дека потребните количини на вода се уште се обезбедуваат непречено.

Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје на Република Македонија излезе со препораки за заштите при високи температури. Во нив се вели: „ Од 10 до 17 часот кога е најтоплиот период од денот да се избегнува напорна физичка активност, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности, да се консумира голема количина течност, да се внесува помало количество храна која не содржи многу маснотии и шеќер, да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на Сонце, да се носат заштитни очила и капа, и да се престојува во затворени климатизирани простории на температура од 23 до 25 степени…“, се дел од препораките на лекарите.

https://youtu.be/xeMbEzagW6s

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here