За 4 месеци, казнети над 51.000 граѓани за неносење на маска – просечна казна од 20 евра, значи над еден милион евра во буџетот !

76

Од почетокот на мај до сега на територија на цела држава изречени се вкупно 51.224 илјади казни за неносење заштитна маска. Толку граѓани се санкционирани од страна на МВР кои не ги почитувале препораките на надлежните за превенција и заштита од Ковид 19.

Граѓаните кои биле затекнати без заштитна маска во затворена просторија или пак на отворено а не држеле ниту растојание од други граѓани и биле повторно без заштита на пределот на устата и носот добиле парична казна од 1200 денари, но доколку граѓаните ја платат казната во рок од седум дена тогаш треба да платат половина од сумата, односно 600 денари. Секој ден во просек се казнуваат околу 300 лица кои не носат заштитна маска.

Најмногу казни се напишани во Скопје речиси 15 илјади, а најмалку во Куманово – речиси 2000. Ако сите платиле по 1200 денари казна, тоа значи буџетот само по основ на овие казни се наполнил за близу 64,5 милиона денари или околу 1,1 милион евра.