За 5 год. пратениците потрошиле 3 мил. евра за патни трошоци

514

Три милиони евра за патни трошоци потрошиле пратениците за изминатите пет години, тврдат од државната комисија за спречување на корупција. Тврдењето, антикорупционерите го базираат на извештајот од анализата на патните трошоци на парламентарците за периодот од 2015 до 2019 година. Согласно извештајот, утврдено е, 23 пратеници иако имале сопствен стан, сепак користеле и трошоци за превоз.

„Според закон, пратениците имаат право на користење на бесплатен превоз со воз, но оваа можност не ја користи ниту еден пратеник“,посочи катица Николовска, член на Државната комисија за спречување на корупција

Иако, во последните години се бележи пад на трошоците кај пратениците за да дојдат на работа, сепак, вкупниот трошок за изминатите пет години од три милиони евра, го сврте вниманието на антикорупциска.

Затоа, комисијата препорачува сериозни законски измени за намалување на енормните буџетски суми што се користат за оваа намена. Попрецизно, антикорупционерите укажуваат на натамошно регулирање според можностите на државата и да се утврдат прецизни критериуми според  јасна методологија.