Здруженија за заштита на животни алармирата за расфрлан отров во штипската населба „8-ми Ноември“

0
165

Здруженија за заштита на животни алармирата за расфрлан отров во штипската населба „8-ми Ноември“. Таму е пронајдено затруено куче , па претпоставка е дека причината е расрлан отров:

„… Фрлен е ОТРОВ у 8ми Ноември Штип кај Кит-го на Енгелсова!!! Спаска ни е затровена моментално се борат за нејзинио живот!!! Пазите си ги милениците…“, реагираа активисти на социјалните мрежи.

Надлержните инспекциски служби немаат констатирано присуство на отров на наведената локација, па можно е да се работи за изолиран случај или кучето да се отруло на друго место.

Од друга страна, жители на „8-ми Ноември“ реагираат на големиот број кучиња скитници  во нивната населба:

„Кучиња има многу, низ цела населба. Деца се плашат, трчаат по колите, нешто мора да се преземе“, велат анкетирани жители на нас. „8-ми Ноември“.

И покрај ова, тие се категорични дека отровот не е решение. Мора да се најде друг начин за справување со проблемот:

„Ние не сме тие што треба да го решаваме проблемот. Тоа е работа на државта и на општината“, велат други жители од населбата.

Општина Штип пред една година започна со изградба на стационар за сместување на кучиња скитници, но истиот се уште не е пуштен во употреба, затоа што се чека на дозвола за негово пуштање во функција.

Инаку, проблемот со кучињата скитници го има во сите општини од регионот исто како и труењата. Една од опциите е изгрдаба на регионален стационар, но за тоа одлука треба да донесат градоначалниците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here