Земјодлеците губат милиони поради климатските промени. Наместо осигурителните компании, штетите им ги покрива државата

0
41

Свеста за осигурувањето мора да се менува. Наместо да се плаќаат милионски суми на штети од државната или домашните каси, ризиците треба да се надминат преку осигурителните компании.

Но токму овој сектор, кај нас е најмалку развиен. Дали поради недоверба, сиромаштија или ниска свест, осигрувањето оди тешко:

„Мора да се креираат јасни правила и критериуми  во осигурителниот сектор, за да расте довербата во осигурувањето кај граѓаните и стопанството,  да се зголемува бројот на полиси, да се намали ризикот, а со тоа ќе расте обемот на дејноста на осигурувањето“, подвлече Кочо Анѓушев, вицепремиер за економија.

Најголеми штети, поради неосигурување трпат земјоделците. Наизменичните суши и поплави, како резултат на климатските промени само лани од државниот буџет одлеаја 4,5 милиони евра, за покривање на штетите. нешто што требало да се надомести преку осигурување:

„ Податоците покажуваат пораст на апликации за мерката за покривање на  60 % од трошоците за осигурителна полиса. Ако лани аплицирале 1.500 земјоделци, оваа година конкурирале над 3.000 земјоделци. Но,секако иако трендот е во пораст не може да бидеме задоволни, затоа што оваа алатка мора да ја градиме заедно и да функционира  кај поголем број земјоделци, особено ако имаме предвид дека има околу 70 илјади земјоделци и регистрирани земјоделски стопанства“,изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Во Република Македонија работат 11 друштва за неживотно осигурување и 5 друштва за осигурување на живот. При тоа 8 осигурителни компании нудат производи за земјоделско осигурување.

„Земјоделското осигурување како дел од имотното осигурување зазема 2% од вкупната пласирана премија. Од вкупно регистрираните земјоделци, само 4% се осигурени со полиса за земјоделско осигурување. Дури 85% од земјоделците кои купиле полиса за осигурување се корисници на финаниска помош за субвенционирање на премиите за осигурување“,нагласи Климе Попоски, Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето .

Поголем е процентот на правните лица кои ги осигураат земјоделските површини, отколку процентот на физички лица, односно 28 отсто од премијата припаѓа на физички лица, а 72 отсто на правни лица.

86 % од вкупната премија се однесува на осигурување на посеви и плодови, а 14 проценти на осигурување на добиток. Најчесто се осигуруваат лозовите и овошните насади, житните и градинарски култури, а освен од град, пожар и гром, насадите се осигуруваат и од пролетен мраз и губење на квалитет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here