Иднината на сушењето овошје е во сонцето, тврдат инженерите

0
113

Сушарите на сончева енергија се иднината во овој дел од производствениот процес во прехрамбената индустрија, тврдат експертите. Од таканаречениот тест, поради се поголемиот интерес за нивна набавка и употреба, се преоѓа на сериско производство.

  • Добивме грант од Фондот за иновации, и со таа финансиска подршка инвестираме во производството на соларните сушари. истите се со потврден сертификат за бараниот европски квалитет на производство на ваков вид на апарати. Досега имаме продадено неколку вакви сушари. Се надеваме дека по две години тест производство, и по нашиот планиран настап на неколку Саеми од меѓународен карактер, ваквите сушари на сончева енергија ќе ги извезуваме во регионот и пошироко, изјави Зоран Трајков – Еко Солар –Штип.

Поради штедливоста со над 80 отсто од потрошувачката на електрична енергија, како и мобилноста, соларните сушари се баран производ на пазарот.

  • Па да, имаат доста голема заштеда во споредба со стандардните сушари. Мобилни се, а капацитетот е до 150 килограми на ден, информира Трајков.

Производството на апарати корисницви на обновливи извори на енергија, се се повеќе барани, бидејки што помалку ставки во буџетот за трошоци, тоа повеќе надеж кај пропизводителите да создадат квалитетен производ.

https://www.youtube.com/watch?v=ev6pX6w1SmA&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here