Излета автомобил кај Ерџелија

141

Излета автомобил  на надвозникот од локалниот пат Ерџелија – Кадрифаково. Се работи за патничко возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишник  од Ерџелија.  Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.