Изненадувања во второто коло од ПМФЛ

0
182

Започна прволигашкото првенство на Македонија, а уште во првите две кола изненадувања и интересни ситуации со новите прволигаши.

Истокот и сезонава е без прволигаш, но голем број на фудбалери настапуваат во првата лига, како играчи на клубови од другите делови на земјава.

Во второто коло најголемо изненадување беше ремито помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Шкендија, кои мечот го завршија без голови.

Од преостанатите двојки, новиот прволигаш Беласица беше поразена од градскиот ривал Академија Пандев со 0:2. Вардар загуби од Ренова со 0:1. Шкупи ремизираше со Победа во меч кој го заврши со 10 играчи на теренот, по црвениот картон за Броја, а Работнички славеше над Силекс со 2:1.

На табелата првите пет позиции ги држат Академија Пандев, Вардар, Победа, Работнички и Ренова.

https://www.youtube.com/watch?v=shZs64lkFo8&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here