Инвеститори од Англија во Пробиштип ќе вложат пет милиони долари. Ќе се гради центар за канабис

368

Инвеститори од Англија во Пробиштип ќе вложат пет милиони долари и овде, ќе го градат еден од најсовремените центри за производство на канабис и препарати од канабис:
„Во наредните денови ќе започне изградбата на нов производствен капацитет. Станува збор за англиска компанија која се занимава со производство на канабис , а овде е планирано и отворање на лабораторија з апроизводство на козметички препарати на база на канабис“, истакна Драган Анастасов, градоначалник на Пробиштип.
Новата инвестиција е резултат на долги преговори помеѓу општината и инвеститорите, а Пробиштип успеа да се избори и да ја привлече инвестицијата во конкуренција на многу поголеми и помоќни општини од него:
„Станува збор за инвестиција која ќе вработи 100-тина лица. Ние како Општина имавме сериозен ангажман и успеавме во онкуренција од 9-10 фирми да се избориме фабриката да се гради во Пробиштип“, истакна Анастасов.
Фабриката во Пробиштип ќе ја гради Чилам, истакнат свтетски бренд во производството на канабис зад кого стојат англиски и американски бизнис авторитети.
Првичната инвестиција во висина од пет милиони дoлари ќе почне да се реализира на почетокот од наредната година. Истата опфаќа изградба на фабриика за растење и обработка на канабис.
Во наредните три до пет години, инвестицијата ќе се заокружи со комплетно оспособување на лабораторијата и од фабриката во Пробиштип, ќе се извезуваат крајни продукти од канабис за фармацевтската и козметичка индустрија.
Целта на Општината е во новата фабрика да бидат ангажирани агрономи и фармацевти кои ќе учествуваат во создавањето на палетата на производи.
Новата фабрика ќе биде втор колем производствен капацитет кој ќе се гради во индустриската зона во неокази, веднаш по леарницата Кранфилд Фаундри.