Инфраструктурно уредување во штипска Железничка

0
102

Општина Штип започна со активности за подобрување на инфраструктурата во населбата Железничка, каде голем дел од пристапните улици сеуште се без асфалт.

Од денес, интензивно се работи на уредување на краци од две улици во населбата :

„Започнавме да работиме на еден крак којшто е со 700 мдимензија и 170 метри должина. Овој крак ќе биде изработен од ЈП „Стипион 2011“ до фаза на тампонирање и неговата вредност е 275.000 денари. Откако ќе завршиме се префрлуваме на уште една улица овде во населбата Железничка со малку поголема димензија. Се работи за 2800 ми 800 метри должина. Така што овие активности на Општина Штип и на ЈП „Стипион 2011“ се насочени кон подобрување на инфраструктурата на граѓаните“, кажа Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Но, активности во делот на инфраструктурата во оваа населба општината планира и во наредниот период :

„Општина Штип во овој дел од градот инвестира уште дополнителни 650.000 денари на нови улици коишто ќе бидат асфалтирани во должина од околу 300 метри. Ќе се работи и на пристапен тротоар на самиот влез од градот, од населба Железничка до Кампус 4“, дополни Бочварски.

Подобрување на инфраструктурата е еден од приоритетите на локалната самоуправа, па така, голем дел од народните пари се насочени токму кон изградба на улици, патишта, тротоари, водоводни и канализациони мрежи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here