Истокот гласа на референдум. Излезноста во првата половина од денот околу 25%

0
351

Изборниот процес на сите избирачки места во источниот регон, се довива мирно и без никакви проблеми. Избирачките места без отворени навреме и на ниту едно од нив не се регистрирани прекини или инциденти.

Излезноста , заклучно со 15.00 часот се движи околу 25 %  . Најголема излезност е забележана во Пехчево, Делчево и Берово, а најмала во Зрновци  со 10 процентна излезност.

Во Штип, динамиката на излезност во првата половина на денот се движи околу 20 отсто:

„Гласавме, го остваривме своето право на глас. Очекуваме подобра иднина за младите“ рекоа анкетирани гласачи од Штип.

На сите 77 гласачки места во Штип, гласањето се одвива мирно и без проблеми:

„На ИМ 2292 има вкупно 945  избирачи, досега гласале 16 %. Сé се одвива мирно и без проблеми“, кажа Сашко Коруновски, прет. на ИМ 2292.

„Изборниот процес се довива нормално и без никакви проблеми. Имаме запишано 957 гласачи, од кои досега гласале 168“, изјави Никица Давкова, зам. прет. на ИМ 2293 – Штип.

„На ИМ 2298 има вкупно 853 избирачи, досега гласале 58 избирачи. Се се одвива мирно и без проблеми“, кажа Лазар Хаџи Николов, прет. на ИМ 2298.

„Изборниот процес се довива нормално и без никакви проблеми. Имаме запишано 813 гласачи, од кои досега гласале 60“, изјави Благица Дафкова, прет. на ИМ 2262 – Штип.

Идентично беше и во останатите општини од регионот. Вкупно, во источниот регион  право на глас имаат 152.438 гласачи. Од нив, најголем дел се во Штип:

„Во Штип има запишано 41.854 гласачи, ќе се гласа на 77 избирачки места, ОИК е комплетно подготвен“, кажа Сенка Андреева, прет. на ОИК – Штип.

Изборниот процес нормално се одвива и во Делчево:

„Вкупно на избирачки список во Делчево има 14.721 запишан гласач“, кажа  Владимир Петровски, прет. на ОИК – Делчево.

Гласањето ќе трае до 19.00 часот, по што избирачките места се затвораат.

https://youtu.be/tsJeP8sDPaI

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here