Историчарите не утврдија чив е Гоце Делчев – Нема решение и за други прашања !

105

Идентитетот на Гоце Делчево останува главн проблем за да се постигне каков било напредок. Ставањето на Комисијата на врвот од договорот помеѓу Македонија и Бугарија е контрапродуктивно – рече Драги Ѓоргиев ко-претседавач од македонска страна на заедничката историска комисија со Бугарија на прес конференција по дводневниот состанок.

– Идентитетот на Гоце Делчев го определил тој не ние. Очекувам одговорно поведение за да стигнеме до ситуација во која ќе немаме повеќе проблеми, е ставот на ко-претседавачот на комисијата од бугарска страна, Ангел Димитров.

На дводневната средба биле ставени на маса неколку нови предлози и идеи за проблемот со Гоце Делчев, но претседателите на Комисијата не открија детали.

– Два дена имаше интензивни и напорни дискусии, се утврдија некои технички работи за работата на комиијата и динамиката на нејзината работа до крај на годината. Ќе има уште една средба, а идната година уште пет ако дозволи ситуацијата со ковид-19. Дискутиравме за учебниците за шести клас во бугарскиот образовен систем и за личноста на Гоце Делчев. За Гоце Делчев не секогаш желбите се остваруваат како што се испланирани. За учебниците постигнавме суштински напредик ,остваривме една препорака која натаму ќе треба да ја разгледаат бугарските колеги. За Гоце Делчев дискутиравме, има на маса нови предлози, идеи и тие ќе продолжат да бидат тема за разговор на идната средба.Тој текст е на маса, тоа е работна врерзија и ќе биде во фаза на разгледувања не би сакал да зборувам за тоа – рече Ѓоргиев.

Според Димитров немало време ниту можност да се направи напредок за Гоце Делчев.

– Ништо ново, нема сензации, тоа што досега го разговаравме – рече Димитров.

Според него, политичарите одамна се вклучени во преговорите и за Гоце Делчев и за Илинденското востание. Но тој е дециден дека никој не може на КОмисијата да и дава рокови и дека преговори се водат во политикат, а тие како историчари треба да се држат до фактите и да останат историчари, а не политичари.

За учебниците се зборувало за забелешките од Средниот век кои се обарботуваат и во нашите и во учебниците и дека во Бугарија тука влегуваат светите Кирил и Методиј и цар Самоил. Ѓоргиев и верува дека успеле да постигнат една препорака.Тој е дециден дека Комисијата воопшто не разговарала за македонскиот јазкот.