Источна Македонија лежи на вода, тврди инженерот Трајче Митев

0
308

Нема суви лета за македонскиот Исток. Вака оптимистички гласи  прогнозата на штипскиот рударски инженер Трајче Митев. Ова го темели врз неговите повеќедецениски истражувања. Резултатите ги побликува во оваа студија. Обработил над 80 бунари во четири општини од овој дел на земјава.

  • Посебно пределите, Штип, Кочани, Берово, Делчево, Пењхчево се богати со вода. Мислам дека граганите од овој регион нема потреба да бидат загрижени, бидејки издашноста на бунарите во овој дел од земјава, се движи во дијапазон од нула десет милилитри во секунда до импозантни десет литри во секунда во делчевско и долж реката Брегалница. Затоа, тврдам дека издашноста на водата во источна Македонија е добра, тврди Трајче Митев, рударски инженер.

За квалитетот на водата не треба да се има дилема кај експертите, тврди Митев, бидејќи се работи за чиста изворска вода. Делчевскиот предничи со концентрација на големи резерви на подземни води.

  • Околината на Штип е богата со вода, тоа е изворска вода што е добра за пиење но и за техниочки и земјоделски потреби. Оваа вода доаѓа со километри оддалеку, не е од овде, дополнува инг Митев.

Прогнозата на Митев, дека за две децении проблемот со чиста вода за пиење ќе биде поизразен, му дава за право да упати апел до надлежните да размислуваат како големите резерви на подземна вода да се комерцијализираат.

  • Посакувам Штип со овие концентрации на подземна вода да биде своевиден помагач во иднина на останатите соседни општини во нивното водоснабдување, како Свети Николе , тамошните села, Лозово и останатите, бидејќи во иднина токму овој регион ќе биде сиромашен со вода, оценува инг. Митев.

Врз основа на својата публикувана студија, предлогот на нашиот соговорник е, експретите да ја изготват потребната гео-хидро карта за источна Македонија. Тоа ќе биде полесен пристап до секое врело, на како што вели Митев, изворот на животот, што засега е, еден вид скриено природно богатство во овој дел од Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=J2gDAtbOLIg&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here