Истражување. Дури 18.000 луѓе во Македонија живеат во ропство

0
53

Живот во принуден брак, ограничена слобода на движење, присилна работа. Ова се само некои од современите форми на ропство кои во Македонија се секојдневие на дури 18.000 граѓани.

Според Глобалниот Индекс за ропство 2018, изработен од Обединетите нации и Фондацијата Вок фри, во Македонија 8,7 од илјада македонски државјани се робови. Ова Македонија ја става на  трето место на листата земји од Европа и централна Азија според овој показател. Во оваа група пред нас се само Туркменистан и Белорусија.

Што се однесува на одговорот на Владата во однос на овој проблем, македонската е оценета со БББ.

„Владата ги спроведува клучните компоненти на сеопфатен одговор на некои форми на модерно ропство, пружа услуги за поддршка на жртвите, има силен одговор на правосудните органи, има докази за координација и соработка и заштита за ранливите популации. Владите може да почнат да се справуваат со проблемот на ропството во постапките поврзани со јавни набавки или кај деловни субјекти на нивна територија “, се наведува во појаснувањето за тоа што значи оценката БББ.

Податоците од Извештајот покажуваат дека 71 процент од современите робови се жени, додека 29 отсто се мажи.

https://youtu.be/xfiGOOJ1v5Q

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here