Истражување: Кризата во Македонија ќе донесе нови 25.000 сиромашни а над 100.000 ќе преживуваат со 126 денари на ден !

122

Поради пандемијата, стапката на релативна сиромаштија во земјава ќе се зголеми за 1,2 процентни поени, што значи дека нови 25 илјади лица се втурнати во сиромаштија за време на ковид – кризата, покажува анализата на FINANCE THINK – Институтот за економско истражување и политики – Скопје, која се базира на истражувањето „Колку ковид-19 влијае врз сиромаштијата во Македонија?“.

Според Институтот, уште позагрижувачки се резултатите за апсолутната сиромаштија, според кои, поради кризата, нови 100 илјади лица ќе живеат со помалку од 5.5 долари (според паритет на куповна сила) односно 126 денари на ден. 

Целото истражување на следниот линк:

https://www.financethink.mk/wp-content/uploads/2020/10/PB43.pdf?fbclid=IwAR3WxWsb_YW8Ee47cB2rzRgJmCFRqJGpEdsbxiAN2FewJAUumG203Q4Eauk