Истра во Хрватска единствен „зелен-корона“ регион во Европа !

113

Според податоците објавени од Министерството за надворешни работи на Кралството Белгија, Истрската жупанија во моментов е најуспешен регион во спречувањето на ширење на коронавирусот и единствениот „зелен“ регион на светската мапа на корона.

Началникот на штабот за цивилна заштита на Истра, Дино Козлевац, по повод објавата на белгиското Министерство, рече дека Истарската жупанија, благодарение на резултатите во борбата против коронавирусот, може да биде пример за сите други. Посочувајќи дека таквата состојба е резултат на соработка и разбирање на граѓаните и сите надлежни институции, Козлевац потсети дека граѓаните на Истра веќе три месеци се придржуваат кон мерките за носење маски во затворено и дека тоа очигледно дава резултати.

Тоа е мерка што бара најмалку жртва од сите нас и се покажа како најуспешна во превенцијата, заклучи Козлевац.

Пред една недела, покрај Истра, и Вараждинската жупанија беше меѓу најуспешните региони во Европа во спречувањето на ширење на коронавирус, според податоците објавени од Министерството за надворешни работи на Кралството Белгија. На таа карта имаше еден регион во Шведска, четири во Полска, два во Бугарија и два региони во Италија. Сега зелен регион е само Истра!