Исчезна 12 годишно момче од Штип

0
1317

Исчезна 12 годишно момче од Штип. Неговото отсуство од дома, денес во еден часот по полноќ го пријавила неговата мајка, откако детете цел ден не се појавило.

Според нејзиниот исказ во полицијата, момчето од дома излегло претходниот ден околу 19.00 часот и оттогаш никој не знае каде е.

Најблиските ги провериле сите другарчиња и блиски на детето, роднини и соседи, но кај никој од нив не го пронашле синот, по што случајот е пријавен во полиција.

Засега не се соопштуваат детали околу исчезнувањето на момчето како ни неговиот идентитет. Полициката истрага за негово пронаоѓање е во тек.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here