Италијанка три пати се заразила со Корона вирус ?!

146

Една Италијанка од Ломбардија открила дека за време на летниот годишен одмор на островот Сардинија по третпат се заразила со коронавирус.Италијанката, која дошла на одмор во градот Тертенија на Сардинија, отишла во болница поради други здравствени причини и открила дека повторно е позитивна на коронавирус, пренесува италијанските медиуми.

Претходно, таа била во болница во два наврати поради Ковид-19, по што, според порталот „Olbia.it“, таа била излечена, односно имала негативни резултати од тестот за вирусот, а сега е хоспитализирана во градот Ланузеи.

Според локалните здравствени власти, пациентката ќе биде повторно тестирана, а според протоколот, нејзините контакти ќе се следат за да се утврди дали се заразени.Во вторникот, холандската телевизија „NOS“, повикувајќи се на виролози, објави дека пациенти во Холандија и Белгија биле повторно заразени со коронавирусот.

Веста уследи по извештајот на еден научник од Хонг Конг за човек кој бил повторно заразен после четири и пол месеци откако се опоравил.