Италијанската државна компанија за патишта дава 500 милиони евра за изградба на паднатиот мост во Џенова !

0
162

Италијанската компанија задолжена за автопати (Autostrade per Italia) соопштила дека подготвила 500 милиони евра помош за Џенова повторно да го изгради надвозникот, кој пред неколку дена се урна и каде настрадаа 43 лица.

„Парите ќе бидат на располагање во понеделник“, рекол директорот на компанијата Џовани Кастелуџо и додал дека веројатно ќе бидат дадени уште пари.

Според неговите зборови, можно е за околу осум месеци да се отстранат остатоците од урнатиот мост и да се изгради нов од челик. Кастелуџо додал дека ќе бидат укинати патарините на автопатиштата околу Џенова.Болницата во Џенова соопштила дека романски возач кој е повреден во несреќата, им подлегнал на повредите, така што бројот на жртви се искачил на 43.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here