Италија: Владата донесе одлука да се откажат сите фудбалски натпревари до 8 март !

454

Италијанската Влада донесе одлука да ги суспендира сите спортски натпревари во северниот регион на државата поради коронавирусот.

Ова значи дека натпреварите од следното 27.коло помеѓу Аталанта – Лацио, Болоња – Јувентус, Интер – Сасуоло и Верона – Наполи ќе бидат одложени за друг термин. Истото се случи изминатиот викенд, откако беа одложени пет натпревари.

Серија А одлучи дека денес нема да се игра натпреварот помеѓу Сампдорија – Верона, кој е презакажан за 13 мај.