Италија: Истрага против пет лица за предизвикување на лавина која уби тојца !

593

Канцеларијата на јавниот обвинител отвори истрага против пет лица по смртта на Германка и две девојчиња во лавина од снег во јужниот дел на Тирол во Италија.Канцеларијата на јавниот обвинител во Болзано денеска објави дека ќе го испита повеќекратното несовесно убиство и предизвикување лавина од небрежност.

Не се знае што ја предизвикало лавината. Скијачката падина на Сеналес е затворена за да може да се соберат докази.Телата на загинатите ќе бидат вратени во Германија.

Жена и две девојчиња од Германија загинаа во саботата во лавина од снег во јужниот дел на Тирол во Италија. Несреќата се случила во зимското одморалиште Шналс, западно од Мерано.

Една жена од германската држава Тирингија и седумгодишно девојче од Северна Рајна-Вестфалија загинале на самото место. Другото дете, ќерка на починатата, им подлегнала на повредите откако со хеликоптер ја пренеле во болницата во Тренто, соопшти полицијата.