Италија: Од тестирани 500.000 луѓе во образованието, позитивни на Корона 13.000 луѓе !

254

Во Италија досега речиси 50 проценти од вработените во училиштата биле тестирани за  Ковид-19, што е околу 500.000 наставници и ненаставен училиштен кадар. Од нив, 2,6 проценти, или околу 13 000 луѓе, се позитивни на вирусот.

Ова се податоци објавени од канцеларијата на италијанскиот специјален комесар за вонредни ситуации, Доменико Аркури.

Повеќето тестови биле спроведени во Ломбардија, каде што биле тестирани 70 проценти, додека Сардинија била на последното место, со пет проценти, а во извештајот не е вклучен регионот Лацио, кој го спроведе тестирањето независно, според агенцијата „Анса“.

Се очекува на 24 септември процентот на тестирани работници во училиштата на територијата на Италија да се зголеми на 60 до 70 проценти.