Италија: Уапсен мафијаш кој држел заложници во пошта !

Полицијата го уапси Франческо Амато кој под закана со нож држеше заложници во пошта во Пјев Моделини, објави АНСА.

0
38

Амато пред упадот на полицијата пуштил двајца од четворицата заложници, а засега не е јасно дали се предал или полицијата насила го извлекла од поштата. Кога се појавиле со киднаперот пред поштата, полицајците добиле силен аплауз од присутните луѓе.

Амато пред неколку дена добил 19-годишна затворска казна поради врски со мафијата. Тој барал да разговара со италијанскиот министер за внатрешни работи.

Тој е еден од 125-те обвинети кој е осуден минатата недела на судењето поради вмешаност во организираната криминална група Ндрангета во јужна Италија. Како што пренесуваат италијанските медиуми, кога влегол во поштата, Амато викал: „Јас сум осуден на 19 години“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here