И актерот Том Круз во карантин во Венеција – Прекинато снимањето на „Невозможна мисија 7“ заради Корона вирусот !

429

Актерот Том Круз во Италија го снима седмото продолжение на филмот Невозможна мисија. Поради опасноста од коронавирусот кој забрзано се шири во Италија, актерот и неговата екипа се сместени во карантин, пишуваат странските медиуми.

За снимањето предвиден е престој од три недели во Венеција, но поради ширењето и опасноста од коронавирусот, целата екипа заврши во карантин, во кој ќе остане до 2 март.

Заради епидемијата на коронавирусот, која се шири низ Италија, целата екипа на филмот е сместена во изолација во раскошен хотел , пренесе „Jerusalem Post“.