И германската вакцина дала позитивни ефекти против Корона вирусот !

218

Втората потенцијална вакцина против новиот тип коронавирус, која ја разви германската биотехнолошка компанија БиоНТеч, дала позитивни резултати во текот на првата фаза од клиничкото испитување.

Според вестите објавени на страницата Clinical Trials Arena, завршена е првата фаза од клиничките испитувања на потенцијалната вакцина под име “BNT162b2”, која ја разви компанијта БиоНТеч во Германија, а за која американската комапнија Фајзер доби дозвола за производство, пренесува Андолија.

Во рамки на испитувањето, во кое е тестирано делувањето на вакцината на безбедноста и имунитетот, утврдено е дека две дози од 30 микрограми примени во период од седум дена кај испитаниците на возраст од 18 до 55 години, произведуваат 3,8 пати повеќе антитела и имунолошки клетки во однос на оние кои се опоравуваат од ковид-19.