Кадетската репрезентација во борење втора на „Русенски легенди“

0
89

Македонската кадетска боречка репрезентација сочинета од борачи од Балканец, Лирија и Тефејуз, го освои второто место на меѓународниот турнир „Русенски легенди“, чиј домаќин беше градот Русе во соседна Бугарија.

Стефан Штерјов, Ненад Панов, Филип Тасев, Давид Мишев, Фадил Назифов, Петар Костов и Теодор Ѓоргиев со уште четворица борачи од Лирија и Тефејуз ја понесоа борбата за високото второ место.

Во екипен пласман беа поуспешни од репрезентациите на Романија со резултат 7:3 , Селекциите А и Б на Бугарија со резултат од 7:3 и 6:4, додека во финалето беа поразени од екипата на домаќинот Русе. Борачите на Балканец беа предводени од Зоран Шоров, а на овој турнир судеше и меѓународниот судија, штипјанецот Марјан Лазаров.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here