Кампањата за поддршка на референдумот, почнува од Штип

0
204

Кампањата за поддршка на референдумот, почнува од Штип. Коалицијата „Заедно за европска Македонија“ составена од  30-тина партии и вкупно 100-тина субјекти, а предводена од премиерот Заев, својот првиот митин, ќе го има на градскиот плоштад во Штип. Вкупно, големи митинзи за поддршка на референдумот ќе се организираат во 9 градови во Македонија.

Во текот на кампањата ќе се  информираат граѓаните за придобивките од членството во ЕУ и во НАТО и ќе се нудат објаснувања за тоа дека Договорот со Грција е договор за македонската иднина.

Стартот на кампањата беше најавен денеска на прес конференција, на која Заев истакна дека од поновата македонска историја, само само еден настан може да се спореди со моменталниот предизвик, а тоа е  гласањето за независна Република Македонија.

„…Постои директна линија што ги поврзува 8 септември 1991 и 30 септември 2018 година. Тоа се два големи настани, големи чекори што ги преземаме како одговорни граѓани и со кои ја обезбедуваме иднината на нашата земја како суверена и горда држава, со признаен и потврден македонски јазик, со химна и знаме кои ќе бидат дел од големото европско семејство, од ЕУ и од моќниот сојуз на НАТО…“, изјави премиерот Заев на денешната прес конференција.

Премиерот истакна  дека општествената дебата е важна, но за една ваква тема, таа треба да се издигне на надпартиско, надетничко или какво било ниво и да се размислува за иднината и затоа ги повикува сите да се приклучат на тој пат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here